Tатко и синови фатени во плантажа со марихуана во БиХ

Окружниот јавен обвинител на Бања Лука побара притвор на татко и синови осомничени за нелегално производство на марихуана уапсени во кампањата „Хед“.

Притвор беше побаран за Недељко (55), Младен (30) и Владан (33) Пајиќ. Осомничените се префрлени во Окружниот суд во Бања Лука, а конечната одлука за притвор ќе ја донесе судија за претходната постапка.

Во кампањата „Хед”, полицијата пронајде голема плантажа со марихуана во шумата во Стричиќи во близина на Бања Лука.

Уапсените браќа Младен и Владан Пајиќ од порано и се познати на полицијата по кривични дела, но исто така и по бројни пресуди за насилно однесување.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари