(Видео) Аеродромот во Белград и натаму затворен, патниците со часови заглавени

Белградскиот аеродром кој веќе со часови е затворен за слетување и полетување на авиони, се наоѓа во хаотична состојба пишуваат српските медиуми. Патниците на аеродромот со часови чекаат да се качат на своите летови кои се откажуваат постојано поради техничките проблеми поради кои е затворен и аеродромот. Медиумите велат патниците се нервозни бидејќи доцнат нивните летови, и поради тоа што има голем број на патници кои останале да чекаат на аеродром па дел од нив немаат ниту каде да седнат, па мора да седат на под.

Египетскиот патнички авион Боинг 737-800 на авиокомпанијата „Египет Аир“, кој без патници слета на аеродромот во Белград во 4:11 часот утринава поради технички проблеми остана на пистата и предизвика застој во целиот авиосообраќај.

Според неофицијални информации на српските медиуми авионот кој слета во Белград најверојатно ги оштетил гумите при слетувањето. Четири лета на „Аир Србија“ беа пренасочени да слетаат на аеродромот во Ниш.

Од аеродромот „Никола Тесла” велат дека се очекува пистата, која беше затворена со часови, наскоро да биде подготвена за сообраќај.

На аеродромот „Никола Тесла” во Белград утрово немаше ниту слетување ниту полетување на авиони, и сите летови беа пренасочени кон алтернативни аеродроми, пишува српски „Курир“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари