Хан во ноември ќе пристигне во Приштина, најави косовскиот премиер

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан ќе престојува во Приштина во ноември.

Посетата на Хан е со цел да го придвижи вториот дел од реформскиот план на Европската Унија за Косово, најави косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Харадинај изјави дека Приштина треба да обезбеди поддршка од меѓународните партнери и да ја увери ЕУ во своите стратешки цели и покрај, како што наведе, моменталната ситуација.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари