Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Димитар Пандилов“ на Водно

Општина Центар по повеќе од 20 години започна со реконструкција на улицата “Димитар Пандилов“, соопшти денеска за време на својата прес-конференција градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ.

„Стариот коловоз, со вкупна површина од 2 825 метри квадратни ќе се замени со нов и ќе се постави нова атмосферска каналзиација во должина од 380 метри. Застарената водоводна мрежа и цевките ќе се заменат со нови, полиетиленски, со што ќе се подобри квалитетот на водата за пиење на жителите од овој дел од Центар. 565 метри рабници ќе бидат заменети со нови и тротоарите со површина од 703 метри квадратни ќе бидат целосно реконструирани.“, информираат од општина Центар по заврувањето на прес-конференцијата на градоначалникот на општината.

„Со реконструкцијата на оваа улица, продолжуваме со заложбата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Полека, општина Центар почнува да заличува на една модерна, современа, европска општина“, изјави Богдановиќ.

Согласно програмата за реконструкција на уличната инфраструктура, наредни се улиците „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“ и улицата „Коле Неделковски“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари