Куновска до Заев: Дечко, ај не шири демагогии

Поранешната пратеничка од СДСМ, Софија Куновска, на нејзиниот Фејсбук, му се обрати на премиерот Зоран Заев, обвинувајќи го дека пуши во работни простории и шири демагогии.

„Дечко, ај не шири демагогии туку прво престани да пушиш во работни простории. Еден закон за пушење не почитувате, камо ли друго. По тебе и сите останати. Се крстат европјаните кога ве гледаат. Тоа ли се европски вредности и европски навики? Ти не можеш себе во Европа да се однесеш, а не па нас“ напиша Куновска.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари