Германија донираше на Армијата на Црна Гора оклопни возила во вредност од 2,2 милиони евра

Во Црна Гора пристигнаа шест лесни оклопни возила, донирани од германското Министерството за одбрана на Црногорската армија.

Возилата утрово во касарната „Милован Сарановиќ” во Даниловград ги обиколија министерот за одбрана Предраг Бошковиќ и началникот на Генералштабот на Армијата на Црна Гора, бригадниот генерал Драгутин Дакиќ.

– Донацијата, вредна околу 2,2 милиони евра, значително ќе ги подобри капацитетите на Армијата на Црна Гора, а свеченото примопредавање ќе биде на Денот на Армијата на Црна Гора на 5 октомври – објави црногорското Министерство за одбрана.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари