Намалениот извоз на нафта од Иран доведе до зголемување на цените на горивото

Цените на нафтата бележат зголемување на меѓународните пазари во близина на 78 долари, откако иранскиот извоз се намалува под влијание на американските санкции, и додека Вашингтон се обидува да ги придобие другите производители да го зголеми производството.

Во Лондон, цената на барели порасна за 60 центи, и изнедува 77,97 долари.

На американскиот пазар, цената на барел порасна за 25 центи, или 67,79 долари.

„Влијанието на американските санкции врз Иран се доживува. Најзагрижувачки, се разбира, е тоа колку иранската нафта исчезнува од пазарот”, вели Тамас Варга дел од брокерската фирма „PVM нафта“ во Лондон.

Вашингтон бара од своите сојузници да го намалат иранскиот увоз на нафта и се чини дека некој купувачи, меѓу кои и Јужна Кореја, Јапонија и Индија, го прифаќаат ова барање.

Во исто време, американската влада сака да го спречи порастот на цените на нафтата, што би можело да ја запре економската активност или дури и да предизвика забавување на глобалниот раст. Американскиот секретар за енергетика, Рик Пери, во Вашингтон се состана со саудискиот министер Калид ал-Фалих, бидејќи канцеларијата на Трамп ги охрабрува големите производители да се задржат на високото ниво на производство.

Пери утре во Москва ќе се сретне и со рускиот министер за енергија, Александар Новак.

Русија, Соединетите Американски Држави (САД) и Саудиска Арабија убедливо се најголемите производители на нафта во светот и снабдуваат третина од светската потрошувачката на дневно ниво.

Рускиот министер за енергија, Александар Новак изјави денеска дека Русија и групата на производители од Блискиот Исток, која е предводена од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) би можеле на почетокот на декември да потпишат нов долгорочен договор за соработка, но не сакаше да ги прецизира деталите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари