Унијата на ЗМСТАС со свои предавања на Балканската школа на педијатри

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри „ЗА НАС“, утре за прв пат ќе биде дел од Балканската школа на педијатри. Покрај докторите – педијатри со свои теми и предавања ќе учествуваат и медицински сестри и соработници на нашето здружение.

“На наше огромно задоволство што нашето здружение се вклучува на вакви големи настани апелираме до цела сестринска фела, а и до сите оние кои сакаат да присуствуваат да дојдат утре во хотел Александар Палас, Сала 2 со почеток од 11.30 часот” изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари