(Видео) По 80 години отворена за јавноста најубавата египетска гробница

Античката гробница се наоѓа на древните гробишта Сакара, во близина на Газа, и за првпат е достапна за јавноста.

Фасцинантната гробница, која се смета за најубава во оваа област, беше обновена од египетското Министерство за антиквитети.

Како што пишуваат странските медиуми, на ѕидовите на комората се поставени гробни слики каде што може да се видат различни сцени на сопственикот на гробот – како лов, риболов, берба, но и готвење и танцување. Освен со мурали, гробната комора, предворјето и влезната сала на пирамидата се украсени со пирамидални текстови.

Гробницата била откриена во 1940 година од страна на египтологот Заки Саад и припаѓа на Египќанецот Меху, везир од времето на античкиот Египет, кој се поврзува со првиот крал на шестата династија.

Властите во Египет се обидуваат да привлечат повеќе туристи со овој потег.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари