Во судир со Исламска држава загинати над 20 сириски војници

Во пресметка меѓу провладините сили и Исламска држава загинале 21 војник на провладините сили, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Според информациите, судирите се случиле во текот на ноќта на подрачјето на Ел-Сафа.

Силите лојални на претседателот Башар ал Асад веќе неколку недели се борат против екстремистичките групи во селата јужно од Сувајд.

Се проценува дека околу 30 цивили се наоѓаат во заробеништво на екстремистите, уште од нападот на Сувајд за време на јули.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари