Ентони Бордејн постхумно награден со шест награди „Еми“

Познатиот готвач Ентони Бордејн (61) постхумно е награден со шест награди „Еми“ за патописно-кулинарската емисија Parts Unknown. Самиот Бордејн доби награда за сценарио и награда за најдобра емисија или специјал. Серијата Parts Unknown доби уште четири награди.

Токму наградата за сценарио била особено значајна за екипата на серијата со оглед на тоа што Бордејн најмногу ја посакувал.

„Тони беше номиниран за оваа награда многупати, но никогаш не ја доби. Многу ја посакуваше, па ја преземам со мешавина на горчина и сласт“, изјавила прдуцентката Лидија Тенаља.

Бордејн се самоуби на 8 јуни во хотел во Франција. Тој беше пронајден обесен во тоалетот. Бoрдејн беше господар на своите занаети – прво во кујната и потоа во медиумите. Преку своите телевизиски емисии и книги тој ја истражуваше човечката состојба и ѝ помогна на публиката да размислува поинаку за храната, патувањето и за самите себе. Тој се залагаше за маргинализираното население и водеше кампања за побезбедни работни услови за рестораните. Во неговата кариера тој ја доби практично секоја награда што индустријата може да ја понуди.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари