Одложена посетата на Трамп во Ирска

Ирската Влада објави дека посетата на американскиот претседател, Доналд Трамп на земјата, закажана за ноември, е одложена.

Во соопштението се наведува дека причината за откажувањето бил „распоред”.

Претходно овој месец, Белата куќа објави дека Трамп ќе ја посети Ирска по посетата на Париз на 11 ноември, по повод 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.

Белата куќа рече дека Трамп ќе ја посети Ирска, со цел „да ги обнови длабоките и историските врски меѓу двете земји”.

Во март, американскиот претседател беше домаќин на ирскиот премиер Лео Варадкар.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари