Орбан: ЕП се спрема да го осуди целиот унгарски народ, но нема да им подлегнеме на уцените

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан за време на дебата со членовите на Европскиот парламент за извештајот за состојбата во Унгарија изјави дека Европскиот парламент се подготвува да го осуди целиот унгарски народ.

„Знам дека веќе имате став за ова прашање и знам дека повеќето од вас ќе дадат поддршка на овој извештај. Јас исто така знам дека мојот говор нема да го промени вашето мислење, но, јас дојдов тука затоа што вие сега не сакате да осудите само една влада, туку целата земја, целата нација. Унгарија, која е илјада години дел од европското христијанско семејство. Унгарија, која со своите напори, а ако било потребно и со својата крв, придонесе за нашата голема европска историја”, изјави Орбан на пленарната седница на пратениците во Европскиот парламент.

Европскиот парламент во Стразбур го разгледува и расправа за извештајот за состојбата во Унгарија, односно за тврдењата за очигледна опасност дека Унгарија тешко ги крши вредностите врз кои се темели Европската Унија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари