Apple: Побрзајте, бидејќи ќе биде тешко да се купи новиот iPhone

Новиот, поевтин iPhone ќе биде тешко достапен за купување доколку не сте помеѓу првите во редот, велат од компанијата Apple. Од трите нови уреди кои ќе бидат промовирани, iPhone 9 ќе биде најтешко да се добие, но причините зад тоа се нетипични за Apple.

Најевтиниот од трите нови модели на iPhone е новитет на пазарот поради неговата евтина цена, но проблемите со производството на уреди од овој модел ќе го направи тешко достапен на пазарот, барем во првите неколку месеци.

Според Bloomberg, производните погони на Apple имале потешкотии со вградување на позадински светла на LCD екраните, па поради тоа произвеле далеку помал број уреди отколку што било планирано. Како што пишува магазинот, под закана е и промовирањето на iPhone 9 доколку Apple заклучи дека нема произведено доволно уреди за да го пушти моделот на продажба во закажаниот термин.

Apple имаше проблеми со промовирањето на новите уреди и минатата година, кога сега култниот iPhone X излезе два месеци подоцна од закажаното.

Трите нови модели на iPhone би требало да бидат промовирани утре (12.09.2018) на официјалниот настан организиран од Apple во Калифорнија, САД. Барем два од нив ќе бидат достапни на продажба веќе следниот викенд, како што е закажано.

Поврзани

Најнови вести

Коментари