Повеќе од 150 мигранти се приведени во Грција

Грчката полиција соопшти дека привела повеќе од 150 мигранти, кои биле пронајдени како се кријат во камиони во два одделни инциденти во близина на Солун. Мигрантите биле од Сирија, Египет, Авганистан.

Во првиот случај 48 мигранти биле уапсени денеска откако нивниот камион застана на пат поради дефект. Возачот избегал, а мигрантите биле забележани како го напуштаат возилото.

Во друг инцидент, кој исто така се случил денеска, 110 лица биле уапсени кога камионот бил запрен од страна на полицијата и бил извршен претрес во близина на Солун.

Полицијата сеуште не соопшти дали осомничените за шверцување мигранти се меѓу оние кои се наоѓаат во полициска станица на испрашување.

Грчките власти објавија дека е зголемен бројот на апсења во врска со шверцот на луѓе во изминатата недела. Приведените мигранти, пак изјавиле дека сега плаќаат околу 2 000 евра на шверцерите за да ги пренесат преку турската граница, вклучувајќи го и нивниот превоз до Солун.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари