ЕБОР очекува зголемување на инвестициите во Македонија и во Грција

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) очекува значително зголемување на своите инвестиции во Македонија и во Грција, по договорот за надминување на спорот околу името, изјави потпретседателот на оваа финансиска институција Пјер Хајлброн.

– Надминувањето на спорот ќе „отклучи" мнпогу проекти, бидејќи двете земји имаат желба својот политички успех да го претворат во конкретни инвестиции, изјави Хајлброн во рамки на регионалниот политички и бизнис форум во Блед.
Според него, како што јави АНА-МПА, надминувањето на спорот ќе го засили интересот и на други инвеститори за вложување во двете земји.

Хајлброн најави дека ЕБРД е заинтересирана за инвестирање во трансгранични проекти меѓу Македонија и Грција, пред се во сферата на енергетиката и транспортот.

Во текот на 2017 година ЕБРД инвестираше 630 милиони евра во Грција и 50 милиони евра во Македонија.
ЕБРД планира во следините три години да инвестира по 900 милиони евра годишно во проекти во земјите од Западен Балкан, првенствено во инфраструктурата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари