Ципрас ја предупредува Европа заради национализмот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека Европа ќе се соочи со егзистенцијална криза заради национализмот ако не го признае својот неуспех во решавањето на фискалната криза и ако на ефикасен начин не го реши проблемот со приливот на мигрантите.

Во обраќањето пред пратениците во Европскиот парламент, тој рече дека економските мерки на штедење во некои европски земји предизвикаа страв и доведоа до појава на расизам и јакнење на десницата.

Тој додаде дека ова ќе ја претвори Европа во расцепкан континент, без кохезија, без меѓународна улога и без иднина.

Ципрас, исто така, го критикуваше начинот на кој Европа се занимава со безбедноста, што им даде поттик на десничарските партии.

Во неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција и Белгија, во последните години се регистрирани напади на исламските милитанти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари