Престолнината на Виетнам бара од граѓаните да не јадат кучешко месо за да се подобри имиџот на градот

Властите во Ханој, главниот град на Виетнам побараа од граѓаните да престанат со консумирање на кучешко месо, бидејќи тоа му штети на имиџот на градот, а неправилното одгледување и убивање на животни би можело да прошири беснило и други заразни болести.

За многу Виетнамци кучешко месо е деликатес за кој се верува дека ја зголемува издржливоста, пренесува агенцијата АП.

Заменик градоначалникот на Ханој, Нгуен Ван Су, на веб-страницата на градот појасни дека убивањето и консумацијата на месо од кучиња и мачки ги вознемирува странците и негативно влијае врз сликата на цивилизирана и модерна престолнина.

Тој им наложи на локалните власти да ја зголемат свеста за ризикот од појава на беснило при размножување на кучиња и мачки. Кампањата е дел од националната програма за искоренување на беснилото до 2021 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари