Роби Вилијамс по третпат стана татко

Ајда Филд (39) и Роби Вилијамс (44) станаа родители на малата Колет Џозефин Вилијамс, која веќе го доби прекарот Коко!

Познатиот пејач и неговата сопруга одамна се борат за трето дете, кое на свет го донесе сурогат мајка. Гордите родители веднаш на Инстаграм споделија фотографија на која се нивните раце и раката на бебето, објавувајќи порака која поради искрените емоции воодушеви милиони луѓе што ги следат.

Ајда и Роби веќе ги имаат  петгодишна ќерка Теодора Теди Роуз Вилијамс и тригодишниот Чарлтон Чарли Валентин Вилијамс.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари