Кремљ: Маневрите „Восток-2018″ се обичен тренинг-процес

Во вторникот започнаа маневрите на вооружените сили на Русија, Кина и Монголија „Восток-2018″ кои се рутински тренинг -процес во рамките на годишната работа за развој на вооружените сили на Русија, изјави пред новинарите портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, цитираат РИА Новости.

Тој смета дека вежбите се важни, но се дел од рутинската годишна работа за развој на вооружените сили на Руската Федерација”, која е потребна за „осигурување на безбедноста на нашата земја”.

Вежбите се одржуваат од 11 до 17 септември на Далечниот Исток на Русија и во соседниот акваториум на Тихиот Океан под раководство на министерот за одбрана генералот на армија Сергеј Шојгу. Тие ќе бидат најголемите вежби во Русија од 1981 години. Во маневрите ќе бидат вклучени околу 300 000 војници, десетици илјади оклопни возила, хеликоптери, авиони и дронови. На една од етапите кон руските воени сили ќе се приклучат колеги од Кина и Монголија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари