Палестинците го тужат Израел пред Меѓународниот суд

Високиот палестински официјален претставник, Саеб Ерекат, изјави дека Палестинците поднеле тужба за воени злосторства против Израел во Меѓународниот кривичен суд.

Поводот за тужба е планираното рушење на бедуинското село Кан ал-Ахмар на Западниот брег. Ерекат смета дека Израел треба да биде прогласен за одговорен за таквиот план.

Израелските власти тврдат дека селото е нелегално подигнато и понудија да ги преместат жителите 12 километри подалеку.

Критичарите на таквиот потег велат дека тоа се прави со цел да овозможи изградба на еврејска населба на тоа место.

Израелскиот Врховен суд минатата недела ги отфрли жалбите на жителите на селото, со што е трасиран патот а рушењето.

Палестинските активисти на Западниот брег денеска поставија пет транспортни контејнери крај селото во знак на протест со цел да се спречи уништувањето на селото.

Големите европски земји претходно издадоа заедничко соопштение, предупредувајќи го Израел против укинувањето.

Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија синоќа оценија дека стратегиската локација на селото е важна за одржување на поврзаноста на иднината на палестинска држава.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари