Девојката на бугарскиот тенисер ја поддржа Серена Вилијамс иако спиела со нејзиното момче (ФОТО)

Познатата американска пејачка и актерка која е во врска во бугарскиот тенисер Григор Димитров ја шокираше јавноста откако неговата поранешна девојка ја нарече кралица.

Никол Шерцингер немаше проблем да се огласи на својот Инстаграм профил и да ја поддржи Серена Вилијам.

„Кралица" Ти си вистински шампион пример за сите жени. Сите сме со тебе, те сакаме и поддржуваме, напиша пејачката споделувајќи фотографија од тенисерката.

Инаку да потсетиме дека славната тенисерка која го изгуби финалето на УС Опен од Наоми Осака влезе во кавга со судијата кој го нарече и крадец, а потоа го обвини за сексизам.

Тенисерката жестоко е казнета со 10 илјади долари поради навреда на судијата, 4 илјади долари за предупредување на тренерот и 3 илјади евра за кршење на рекетот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари