Пуш погача

Состојки

800 грама брашно
200 грама сирење или урда
100 гр. маргарин или маслец
200 гр. јогурт
200 грама млеко

сол 3 јајца 20 гр. квасец и малку масло (50 гр)

 

Подготовка:

Во сад се става свежиот квасец се меша со малку малко млеко, се додава една лажица шекер, добро се мешат.

Се кршат трите јајца и се додаваат во квасецот, се дотура остатокот од млекото, потоа јогуртот, малку масло и сето тоа добро се меша.

Во добро измешаните состојќи се додава постепено брашно и сол и се мешат. Се меси средно тврдо тесто кое се остава да скисне.

Скиснато тестото се развлекува во голема кора со дебелина од сантим и половина дебелина. Врз неа се премачкува маргаринот а пота се става здробеното сирење или урда. Кората се витка во ролна, која потоа се расекува од двете страни по полжина.

Исечените делови од ролната се поставува така што едниот расечен дел се става да биде долу а другиот исечен дел да биде на горе. Така подготвената кора се мота кружно, како за пита. Се става во овален плех со масна хартија и се остава тестото да се крене.

Пред да се стави да се пече се премечкува со јајце а врз него сусам или ленено семе, мак ...

Се става во загреана рерна на 200 со што по неколку минути се спушта 180 степени и се пече околу 40-45 минути, при тоа внимавајте на врвот од погачата да не ви загори, во тој слушај се покрива со фолија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари