Џонсон: Решавањето на македонско-грчкиот спор да биде пример за Србија и Косово

Американскиот сенатор Рон Џонсон оцени дека решението за косовското прашање е во рацете на Белград и Приштина, пришто посочи дека разврската на македонско-грчкиот повеќедецениски спор би можел да биде пример за Косово и Србија.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Џонсон рече дека САД за разлика од Германија, не подвлекле никакви црвени линии кога станува збор за промената на границите.

„Германија подвлече црвена линија, но не и ние. САД го поддржува дијалогот што го предводи ЕУ во смисла на приближување на двете страни. Го поздравуваме дијалогот, но не подвлекуваме линии. Решението мора да дојде од страна на раководстото и народите на Србија и Косово. САД се тука за да го поддржат и охрабрат решавањето на спорот. Сакаме на раководството на двете страни да му дадеме простор да биде флексибилно и креативно, да пронајде решение за овој тежок проблем“, рече Џонсон.

Говорејќи за регионот, каде престојуваше пред да ја посети Србија, Џонсон истакна дека ова е период за воспоставување на стабилност, мир и просперитет. Во интервјуто, сенаторот се осврна и на влијанието на Русија во регионот, коментирајќи дека земјата би требало да биде пријателски ривал, а не соперник, и наведе дека Русија не нуди економски просперитет туку дестабилизација.

„Се надевам дека Владимир Путин ќе го промени мислењето и ќе разбере дека за Русија е најдобар патот на соработката. Значи не дестабилизација, туку соработка со земјите како што се Србија, САД и европските сили за да помогне да се воспостават мир и стабилност во Европа и светот“, доаде Џонсон.

Американскиот сенатрор вчера во Белград се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари