Автобуска несреќа во Индија, 45 загинати и 25 повредени

Најмалку 45 луѓе загинаа, а 25 се повредени кога автобус кој превезувал верници од индиски храм излетал од патот во бездна, на југот од Индија.

Возачот изгубил контрола над возилото додека се обидувал да избегне друг автобус, изјави локален претставник, кој се претставил како Нарендар.

Во Индија се многу чести сообраќајните несреќи во кои има и голем број на жртви. Како најголема причина за несреќите се лошата состојба на патиштата, невниманието, како и пренатрупаноста на возилата со патници.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари