Договр е потпишан, но навиките не се договорени

Турци во Солун изеле ќотек по грешка, мислеле дека се Македонци

Турско семејство, кое дошло за викенд во Солун, било нападнато од група грчки ултранационалисти, која мислела дека тие се Македонци, пишува турскиот весник „Хуриет".

Турскиот државјанин Мехмет Озерен допатувал во Солун на 8 септември со сопругата и со двете деца. Откако го паркирало автомобилот на улицата „Цимиски", тргнало да се прошета до брегот и одненадеш се нашло среде протстен марш од 5.000 ултранационалисти што извикувале „Македонија е грчка".
Групата, која се нафрлила на блиските возила и продавници додека се судрила со полицијата, исто така го нападнала и турското семејство. Според Озерен, еден од протестантите врескал „тие се скопјани" пред нападот.

„Трчавме за да си го спасиме животот", вели Озерен, додавајќи дека се сокриле во станбена зграда додека повеќе протестанти ги следеле. Еден од станарите на зградата им се спротивставил на напаѓачите, кои се обидувале да ја скршат вратата, и го одвел турското семејство во својот стан. Семејството се јавило во турскиот конзулат во Солун и набрзо дошла грчката полиција и ги спасила.

За разлика од нивниот автомобил, кој бил сериозно оштетен во нападот, Озеренови ја напуштиле Грција неповредени.

„Мојата сопруга и ќерката сè уште се во шок. Многу сме уплашени, но се спасивме", вели Озерен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари