Чоколадни мафини

Потребни состојки:

200 г брашно
2 лажици прашок за пециво
2 лажици какао во прав
150 г шеќер
1 ванилин шеќер
125 г путер
2 јајца
1 дл млеко


Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Во една чинија ставете ги брашното, прашокот за пециво и какаото и промешајте ги. Потоа додадете ги сите останати состојки и со миксер матете, прво на слабо, да се промешаат состојките, а потоа ставете го миксерот на најсилна брзина и матете така 2 минути. Готовата смеса истурете ја во претходно подмачкани калапи и ставете ги да се печат. Печете на температура од 180 степени, 25 минути. Готовите мафини можете да ги декорирате со шлаг, слатка павлака, чоколаден прелив и шеќер во прав.

Разбудете ги вашите кулинарски вештини, подготвените мафини декорирајте ги водени од вашата фантазија. Bon Apétit!

Најнови вести

Коментари