Тажни сцени од населбата Мати во Грција по ужасниот пожар

На фотографиите можете да ја видите изгорената земја, растенијата и дрвјата, а целата населба е како град на духови.

Страшниот пожар што ја погоди Грција и тоа областа во источна Атика во јули однесе 96 животи, а голем број луѓе беа повредени. Огнот избувна одеднаш, и поради силниот ветер се ширеше незапирливо.

Спасувачите не изреагираа на време, голем број локални жители и туристи настрадаа во обидот да избегаат од огнот.

Најтешко погодена област беше населбата Мати, која стана симбол на најголемата национална трагедија во Грција.

Фотографии на оваа населба неодамна беа објавени на фејсбук-страницата „Live from Greece“ и луѓето сè уште можат да видат каков пустош остави огнот.

Девојката која ги објави фотографиите нагласува дека во воздухот се чувствува чад и глетката е толку тажна што „душата те боли”.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на 4 септември ја посети населбата со цел да види како напредува санирањето на штетите од ужасниот пожар.

Според новинската агенција АХА, грчкото Министерство за внатрешни работи досега даде околу 6,5 милиони евра помош на 2 647 ранливи лица за покривање на итни трошоци. Исто така, пари добија и 1 112 корисници за поправка на куќите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари