Со една недела задоцнување, почна наставата во ОУ „Гоце Делчев“ во Центар

Основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар, по извршените градежни работи, денеска започна со настава. Заменик министерот за образование Петар Атанасов рече дека во координација со општината и училиштето, учениците ќе ги надокнадат изгубените часови од наставата.

Инаку, наставата задоцни поради извршување градежни работи. Градоначалникот на Општина Центар рече дека се извршила санација на постоечкиот дел од објектот и дека биле заменети подовите во 6 училници и 2 помали простории. Исто така, додаде тој, променети се 14 врати, и бојадисани се и ходниците кои водат до доградбата.

„Со градежниот зафат пред кој што стоиме, училиштето ќе добие дополнителна површина од 532 метри квадратни. Ќе се обезбедат 4 нови големи училници, 3 помали простории за помошни групи и 1 техничка просторија. Дел од зафатот е и поставување на лифт за деца со инвалидитет и пречки во развојот, кој ќе ги поврзува сите нивоа на постоечкиот објект“, појасни градоначалникот Богдановиќ.

Покрај тоа, училиштето доби и нова, современа енергетски ефикасна фасада, со која ќе плаќа до 30 отсто помали сметки за струја во иднина. Во активностите за доградба и реконструкција на постоечкиот објект беа опфатени и тоалетите на приземното ниво, со целосна обнова на водоводната инсталација. Вградени се и нови санитарии, нови керамички плочки и за прв пат се обезбедени специјализирани тоалети за деца со посебни потреби.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари