По разговорите со Тачи и Харадинај, денес Трамповиот специјалец пристигна во Белград

Американскиот сенатор Рон Џонсон во Приштина зборуваше со косовскиот премиер Рамуш Харадинај за ситуацијата во регионот.

Минатата ноќ Харадинај ја објави веста за својата средба со Џонсон на Фејсбук, тврдејќи дека Приштина е заинтересирана да постигне оптимален правно обврзувачки договор со Белград.

Сенаторот Рон Џонсон изјави дека САД ги поддржуваат „сите напори за стабилен мир во регионот”. Џонсон тоа го кажа во Приштина минатата ноќ, за време на состанокот со Хашим Тачи, со кого разговараше и за дијалогот и за јакнење на мирот во регионот, беше објавено на веб-страницата на косовскиот претседател.


Рон Џонсон престојува во Србија денес и утре, и како што веќе се шпекулира, се очекува да ја пренесе пораката за поддршката на Доналд Трамп за договорот меѓу Белград и Приштина.

Џонсон, кој е еден од најверните соработници на Трамп, исто така, ќе ја посети и нашата земја.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари