Директорот на клубот „Црвена ѕвезда“, Игор Милојевиќ, изјавил дека ватерполистите во Сплит биле нападнати со метални шипки, палки и со ножеви, објави Б92.

Тој рекол дека Александро Краљ, кој скокнал во морето за да се спаси, има скршеница на носот, Душан Васиќ бил удиран во грбот, а Милош Максимовиќ со метална шипка бил удрен во ногата.

„Инцидентот се случил во кафуле во центарот, играчите носеле цивилни јакни, а под нив имале маици од клубот. Голема е разликата меѓу клупските обележја и оние на навивачите. Седеле најнормално, келнерот ги препознал обележјата и му се обратил на Максимовиќ. Тие сакале да го напуштат објектот, а тогаш се појавила група хулигани со шипки, ножеви и палки“, рекол Милојевиќ.

Тој додал дека управата на клубот донела одлука екипата да биде повлечена, а мечот со „Морнар“ да биде откажан поради безбедносни причини.

„Играчите сè уште не се тргнати, го чекаат Краљ да даде исказ во полиција и да излезе од болница“, рекол Милојевиќ.

извор: Makfax

3
loading...

Најчитани вести