(Видео) Отворена првата делница од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел

Денеска беше отворен првиот дел од новоизградената траса од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1000 метри, информираат од Град Скопје. На отворањето увид во ситуацијата на терен во пресрет на почетокот на изградбата на втората делница направи и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Со новиот булевар скопјани добиваат ново модерно сообраќајно решение, со 6 сообраќајни ленти, велосипедски и пешачки патеки и средишно зеленило. Сакам да ја најавам и втората фаза од проектот за изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, која ќе се одвива во наредните 18 месеци, од улицата „Натаниел Кучевишки“ до Обиколница, за што Градот Скопје издвои 125 милиони денари, а градежните работи повторно ќе ги изведува компанијата Пелагонија-Гостивар“ изјави Шилегов.

Шилегов исто така најави и дел од проекти кои Градот Скопје ги започнал или ќе ги започне во наредниот период, во насока обезбедување на побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари