Ситуацијата беше мирна, нема пријавено инциденти, информира косовската полиција по посетата на Вучиќ

Косовската полиција денеска по повод дводневната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Косово информираше дека се преземени сите оперативни мерки за одржување на редот и општата безбедност, а во своето соопштение заклучи дека „ситуацијата била мирна и ниту еден инцидент не бил пријавен”.

Полицијата преку соопштение до јавноста посочи дека утрово добила информации за собирање и блокирање на патиштата во регионот Дреница во знак на протест против посетата на српскиот претседател за завршувањето на дводневаната посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ, но оцени дека тие поминале на мирен начин и без ниту еден инцидент, додавајќи дека биле преземени сите оперативни мерки за одржување на редот и мирот.

Српскиот претседател попладнево, по завршниот митинг што го одржа во Северна Митровица, го напушти Косово преку граничниот премин Јариње, информираше полицијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари