Серена Вилијамс полуде во финалето: Го скрши рекетот, главниот судија го нарече лопов и од бес почна да плаче (ВИДЕО)

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс направи вистински скандал во финалето на УС Опен.

Во вториот сет, Американката беше предупредена од судијата Карлос Карло Рамос за комуникација со тренерот, кој е забранет на овој турнир.

Серена тврди дека тоа било грешка на судијата и било предупредена без причина, а потоа следело ново предупредување и казна за Серена. По изгубениот поен и брејк за Осака, Серена го скрши рекетот од бес, а судијата ја казни со изгубен поен во натпреварот.

Тоа кај Серена предизвика вистински хаос, а Американката не можеше да молчи. Таа дојде кај судијата и почна сериозна дискусија со него. Вилијамс викаше на цел глас, а потоа арбитарот го нарече крадец за резултатот.

Кога се чинеше дека се смири ситуацијата, Серена не можеше да престане. Играта продолжи, Серена доби гем на свој сервис, а потоа следуваше и нова навреда од американката. Арбитерот Рамос повеќе не можеше да слуша и одлучи ригорозно да ја казни - еден подарок гем за јапонката. Серена веднаш побара да разговара со супервизорот, но тоа немаше никаков ефект.

Од лутина, Вилијамс почна да плаче, а супервизорот ѝ објасни дека ништо не може да се промени, а тоа беше конечната одлука. Не можеше Американката да се помири со оваа одлука, и сето тоа го искористи Осака, која освои гем на нејзин сервис и на тој начин дојде до трофејот на УС Опен.

Натпреварот заврши со резултат 2: 0 (6: 2, 6: 4) во корист на Наоми.

Осака е првиот јапонски играч кој победи на Гренд-слем.

Поврзани

Најнови вести

Коментари