Конечно одговор: Колку луѓе досега живееле на планетата

Во моментов на планетата Земја близу 8 милијарди луѓе. Никогаш претходно откако постои видот хомо сапиенс, Земјата не била толку густо населена.

Исто така, во минатото, претставниците на овој вид, односно луѓето, имале и доста пократок животен век.

Но, дали сте знаеле дека денешната популација изнесува нешто околу 7% од вкупниот број луѓе што живееле на оваа планета?

Како што проценуваат биолозите и антрополозите, од пред 50.000 години па до 2018-та, на Земјата живееле околу 108,5 милијарди луѓе.

Бројноста на популацијата расте со текот на годините, но во минатото луѓето имале пократок животен век. Демографскиот раст зависел од климатските промени, војните, епидемиите на смртоносните болести. Така, сосема точна пресмета колку луѓе живееле досега на планетата не може да се направи.

Токму поради тоа е направена проценка врз основа на тоа колку долго постои современиот човек, според најстариот историски факт и колку бил просечниот број на популацијата во одредена епоха од историјата.

Според достапните палеонтолошки и генетки наоди, пресметано е дека хомо сапиенс на оваа планета постои околу 50.000 години. Засега, нема докази дека човештвото започнало порано од тоа, но можеби тие уште не се пронајдени и евидентирани.

Околу 8.000 години пред нашата ера започнала земјоделската револуција и тогаш е забележано првото нагло зголемување на вкупната популација, која се проценува дека тогаш изнесувала околу 5 милиони луѓе. Но, голема била и смртноста на новороденчиња, бидејќи на 1.000 новородени, умирале 400-500 од нив.

На самиот почеток на нашата ера, кога Римската империја била најсилна, во светот живееле 300 милиони луѓе, од кои 45 милиони биле во Римското царство.

Во периодот меѓу 16-тиот и 17-тиот век имало стагнација на порастот на популацијата, поради големиот број епидемии. Но, со развојот на медицината, животниот век станувал сè подолг, а бројноста на луѓето почнала забрзнао да расте.

Првпат популација од една милијарда луѓе е достигната во средината на 19-тиот век, за време на индустриската револуција, а денешната бројка од 7,5 милијарди е постигната за околу еден и пол век оттогаш.

Поврзани

Најнови вести

Коментари