Aвтобусите на ЈСП и приватните превозници ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од ЈСП „Скопје“ по повод државниот празник преку соопштение ја информираат јавноста дека денеска, 8 Септември, Денот на независноста, ќе работат само три билетарници.

„Дежурни со работно време од 7:00 до 19:00 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар, а од 7:00 до 13:00 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров“, стои во соопштението на ЈСП „Скопје“.

Во соопштението на претпријатието исто така се додава и дека автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници во текот на денот ќе сообраќаат по неделен возен ред.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари