Ова е најскапо пушена трева на сите времиња

Маск дуваше џоинт, и веднаш загуби 3 милијарди долари

Извршниот директор на Тесла Илон Маск повторно го шокираше светот, и овој пат поради неговото однесување страдаше бизнисот,  вредноста на неговата фирма падна за околу 3,1 милијарда долари.

Имено, кога бил ангажиран за гостин во радио емисија предводена од Роџер Рог во разговор кој траеше два часа, радио водителот пушеше марихуана и пиеше виски. Но, не само тој.

Елион Маск, 47-годишниот милијардер и технолошки гуру во емисијата признал дека зема апчиња за спиење затоа што не можел да заспие ноќе при многу обврски околу неговата компанија Тесла која произведува електрични автомобили. Тој додава дека не е лесно да се најде мир во животот кога се произведуваат такви технолошко престижни автомобили.

Водителот на радио емисијата тогаш го погоди дуото и марихуаната, која е легална за употреба во Калифорнија, и му понудил од џоинтот на Маск.

- Сигурно не смееш да дуваш џоинт заради акционерите, го предизвикал водителот Роган откако Маск во емисијата рекол дека како млад експериментирал со халуциногени печурки. Провокацијата на водителот успеала, Маск повлекол од џоинтот а слушателите го примиле тоа како лоша порака. 

- Во секој случај не пушам трева, рекол Маск откако повлекол од џоинтот на водителот, речиси никогаш. Не гледам никаква корист од тоа за мене. Знам многу луѓе кои ја сакаат тревата, но јас не мислам дека е добро за продуктивноста - заклучил Маск.

Во текот на разговорот кој траел два часа Маск изразил желба да помогне да се реши проблемот на сообраќајниот метеж во Лос Анџелес со тоа што треба да се изгради тунел под градот.

Раскажувал и за своето детство велејќи дека уште на возраст од пет години сфатил дека е различен од другите. Признал и дека секогаш има куп на идеи што мора да ги крие затоа што се плаши дека ќе му бидат украдени.

Акции "Тесла" веднаш по неговиот гостин настапи во радио емисијата на водителот Роген падна драматично - за девет проценти, прито фирмата направи загуба во вредноста од 3,1 милијарди долари. Од вредност 47,5 милијарди долари на компанијата истата падна на 44,4 милијарди американски долари, објави АП.

Сепак, ова не е крај неговите маки. Главниот финансиски експерт на компанијата Тесла, Дејв Мортон, кој пред само еден месец се приклучи на фирмата, пдонел отказ.

Маска во спомнатото радио шоу зборува за опасностите од вештачка интелигенција и повторно ја објави теоријата дека луѓето во иднина треба да станат делѕмно роботи, киборзи.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари