Лесен ручек: Лазањи со шунка и кашкавал

Состојки:


500 гр кори за лазањи
300 гр кашкавал
300 гр шунка, свинска или може да користите и сув свински врат
2 лажици брашно
500 мл млеко
200 мл вода
1 лажица сув зачин
50-100 мл масло


Подготовка:


Најпрво го правиме сосот.
Го загревате маслото, додадете брашно и мешајте додека не пожолти. Потоа додадете млеко и вода па на крајот додадете го сувиот зачин.
Мешајте додека не проврие.
Треба да биде со густина на јогурт, ако е малку поретко не му е ништо, ќе испари додека се пече.
Поделете ги корите на 4 еднакви дела или како можете да ги вклопите во вашата тепсија. Па потоа поделете ја шунката на 3 дела, бидејќи за најгоре не треба.
Во огноотпорен сад ставете го првиот ред кори за лазањи па прелијте со малку сос и наредете шунка. Преку неа додадете го ренданиот кашкавал.
Повторувајте го ова се додека имате кори. На последнaта нe ставајте шунка туку само рендан кашкавал и сос.
Ставете ја во рерна 60 минути да се пече, или се додека кашкавалот не добие златна боја.
Печените лазањи извадете ги да се ладат 10 минути, па потоа послужете

Најнови вести

Коментари