Столтенберг ја пушти во употреба ул.Столтенберг

Улица Столтенберг, вака ќе се вика улицата меѓу градски парк и стадионот во Скопје, во чест на норвежанецот Торвалд Столтенберг кој даде голем придонес во изградбата на Скопје после земјотресот во 1963 година. Торвалд Столтенберг кој почина на 14 јули ова година на 87 годишна возраст беше татко на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

"Тој беше почестен многу кога беше прогласен за почесен граѓанин на Скопје, а сега ќе беше многу среќен ако знаеше дека една улица во СКопје го носи неговото име. Уште еднаш ви благодарам многу за ова што го правите, благодарам што ме поканивте тука и мене и нашата делегација. Јас навистина сум среќен кога присуствувам во сеќавањата на придонесот на мојот татко после земјотресот во 1963 година. Уште еднаш ви благорадам многу", изјави генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Градоначалникот Петре Шилегов рече дека неговиот придонес не е заборавен и никогаш нема да се заборави.

Столтенберг беше во посета на Стајковци каде имаше поплави во 2016 година и каде помогнаа и војниците на НАТО и КФОР, помогнаа во времето кога помошта им беше најпотребна. Тој ги охрабри граѓаните од овој регион да дадат придонес за членството на Македонија во НАТО со поддршката која ќе ја дадат за референдумот за името закажан за 30 септември.

Поврзани

Најнови вести

Коментари