На твитер веќе месец дена се вртат документи и податоци за кои се тврди дека се од службен карактер, од министерството за правда и од МВР за тоа колку државјанства се издадени во Република Македонија, и која е етничката припадност на носителите на државјантсво. 

Според објавените податоци во Македонија има 16,7% носители на државјанство од редот на македонските, етнички Албанци. Овој податок покажува дека Албанците во Македонија партиципираат со помлаку од 20% по што се доведува во прашање примена на законот за двојазичност кој важи доколку определена етничка заедница партиципира со најмалку 20% или повеќе во определена средина на локалната самоуправа или на ниво на државата.

Објавите од овој вид на Твитер, особено ако се објавени од политички или јавни авторитети како што се објавени овие податоци, редовно до сега се демнатираа од надлежните институции доколку не се точни, но овој податок досега никој не го демантирал.

1
loading...

Најчитани вести