Пржино ќе добие атмосферска канализација во должина од 5200 метри

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски со министерот за финансии, Драган Тевдовски и директорот на канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели, потпиша договор за финансирање на општинската инфраструктура преку Проектот за подобрување на општинските услови. 

Со потпишувањето на овој договор ќе се реализира проект преку кој Општина Кисела Вода на улиците во населбата Пржино, ќе изгради атмосферска канализација во должина од 5200 метри, изградба од која подобрени услови за живот ќе имаат околу 3500 жители на општината.

„Во последните 50-тина години во оваа урбана заедница не постоеше систем за управување со атмосферски води, што често пати резултираше со негативни последици врз животната средина, не само во Пржино, како висока централна област на падините на Водно, туку и во ниските зони на општината каде што завршуваше атмосферската вода за време на дождовни периоди. Токму затоа, од мое лично име и од име на сите жители на Општината сакам да се заблагодарам на носителите на проектот кој значи долгорочно решение на еден долгогодишен проблем“, изјави градоначалникот Темелковски

Проектот за подобрување на општинските услуги го спроведува Министерството за финансии, со поддршка на Светска банка, како и на Европската унија преку ИПА.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари