Макрадули: Гасоводот ќе поминува низ шума што нема големо значење за природата (ВИДЕО)

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, на дебата со активистите рече дека Водно не е заштитено подрачје.

Според него, правила за тоа што може да се прави на Водно може да има кога ќе биде извршена валоризација и ова подрачје ќе се заштити со закон.

Откако ќе се донесе одлука дека е заштитено подрачје, ќе се види кој ќе управува со Водно. Тогаш се дефинираат правилата што може да се прави или не.

Државата нема екосистеми, рече Макрадули откако активистка од иницијативата за „Спас на Водно" укажа на фактот дека дозволата за градба на гасоводот не е за заштитено подрачје.

Извор/Видео Макфакс.

Поврзани

Најнови вести

Коментари