Брзо и вкусно: Пица бурек

Состав
100 грама Шунка
малку мала лажица Црн пипер
500 грама Тенки кори
малку Сол
150 грама Сирење
400 грама Печурки
малку Оригано
30 грама Маслинки
200 милилитри Доматен сок

Подготовка
Долга и длабока тава намачкајте со масло. На дното ставете една кора, намачкајте со масло и на ист начин ставете уште две кори. Сосот од домати измешајте го со сол, црн пипер и оригано и нежно намачкајте по корите. Потоа наредете од шунката (тенко исечена), пиперки, маслинки, печурки и се посипете со сирење (рендано). Повторете ја постапката неколку пати да ги потрошите корите и филот. Најдобро е пред подготовките корите и филот да ги поделите на три дела. На врвот треба да има две кори кои ќе ги намачкате со масло. Пицата бурек печете ја во рерна загреана на 200 степени додека не добие убава црвена боја.

Најнови вести

Коментари