Градежна фирма пукна цевка на Теодосиј Гологанов, корисниците останаа без вода

Дефектот на улица Теодосиј Гологанов, наспроти фабриката Реплек е настанат заради технички неисправно затрупување на ровот, од страна на фирмата која барала приклучок за новоизградена зграда, информира ЈП Водовод и канализација. Од таму велат дека до крајот на работниот ден цевката ќе биде заменета и корисниците ќе добијат вода.

„Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се издадени технички услови за приклучување на оваа зграда за што добила Решение, во кое е наведено дека ископот, затрупувањето и враќање во првобитна состојба треба да го изврши фирмата барател. Но, фирмата што ја гради зградата постапила нестручно при затрупувањето на ровот каде се наоѓа овој приклучок“, стои во соопштението.

Затрупувањето според процедурите го врши фирмата која бара приклучок, а во случајов оваа фирма, како што велат од „Водовод и канализација“ не постапила по сите технички норми и процедури, а затрупувањето не го направила во слоеви, туку со целата тежина ја исфрлила земјата врз цевката. Од тежината на земјата дошло до прекршување на истата.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од настанатиот дефект вчера вечер работат на санирање на истиот и известуваат дека до крајот на работниот ден цевката ќе биде сменета.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари