Шок на деценијата на УС Опен: Ништо од средбата Ѓоковиќ, Федерер е исфрлен од Милман...

Австралиецот играл неверојатно офанзивно

Австралискиот тенисер Џон Милман направил најголемо изненадување на УС Опен 2018, исфрлајќи го фаворитот Роџер Федерер во осмина финале со 3:1 во сетови – 3-6, 7-6(9-7), 7-6 (7-3)

Новак Ѓоковиќ на овој начин останал без очекуваниот судир со долгогодишниот ривал, со што во полуфиналето ќе мора да се бори со незгодниот Австралиец.

Федерер бил голем фаворит на сребата со Милман, а мечот започнал со негова доминација. Првиот сет го добил лесно – 6:3

Од тој момент, Милман ја земал контролата во свои раце и прво изедначување на 1:1, а потоа два тај-бек и доаѓа до победа од 3:1 во сетови.

Милман цело време го напаѓал Федерер, со што го пореметил сервисот на Швајцарецот како и неговата самоконтрола, со што Австралиецот во низа офанзивни потези дошол до победа.

Ова е прв пат Милман да победи било кој од топ 10 светски тениси, а во четврток го чека уште поголем предизвик: Новак Ѓоковиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари