Терзиќ, директорот на Звезда: Не можам да замислам дека Албанец би играл во Црвена Звезда

Директорот на ФК Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, во пошироко интервју за белградски Курир одговори и на прашање кое е табу тема но и мит меѓу навивачите на клубот, особено меѓу Делиите: Можете ли да замислите дека еден ден албански фудбалер би играл во Црвена Звезда? - Па, ова не е за мојот личен став кон албански фудбалери. Убеден сум дека нема да има добра средина за амбиент за тренинг и работа. Црвената звезда е клуб кој има степен на еднаквост со Србија. Партизан беше фудбалски клуб на Југославените а Црвена ѕвезда на Србија. Може некој да го разбере тоа или не, но ние сме премногу мали во споредба со Црвената Звезда да смениме некои такви правила. Лично, не можам да замислам дека Албанец би можрл да игра во Црвена Звезда.

Поврзани

Најнови вести

Коментари