Тутоспорт: Погба ќе се врати во Јувентус

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, сака да се врати во Јувентус во зимскиот преоден рок, тврди „Тутоспорт".

25-годишниот Французин сака да се врати во клубот од Торино поради лошиот однос со тренерот на англискиот тим Жозе Мурињо.

Интересно е тоа што Манчестер Јунајтед ќе игра во истата група со Јувентус во Лигата на шампионите.

За потсетување, Погба се пресели на „Олд Трафорд" од Јувентус во 2016 година за рекордни во тоа време 105 милиони евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари