Ексклузивно интервју на Дарко Панчев: Ѕвездо доаѓам!

Човекот кој со златни букви е запишан во историјата на Црвена ѕвезда одушевен е со наследниците на Маракана! Дарко Панчев после долго време дал интервју за српски медиум, во кое отворено од срце зборува за новата генерација за играчите на Ѕвезда.

Бари е еден и единствен и тешко некогаш дека ќе се повтори, но овој резултата е веднаш после 1992 година?

- Одлично, воодушевен сум. Од срце им честитам, пресреќен сум од моментот кога се заврши мечот со Салцбург – ја започна приказната за Курир Дарко Панчев.

Значи ја гледавте утакмицата?

- Таман работа, тоа не се испушта

Реално гледано, Салцбург беше подобар?

- Да, од фудбалска страна. Бевме инфериорни во првото полувреме, додека во второто се кренавме, беше изедначена состојбата на теренот. Но, знаете што, ние сме во Лига на шампиони! Што ни е гајле каква беше утакмицата!

Ќе се паметат оние 77 секунди?

- Два гола да се дадат на Салцбург за цела утакмица е голема работа, и тоа за така кусо време. Имавме среќа, но и ја заслуживме

Што ви поминуваше низ глава кога ја видовте онаа атмосвера на стадион?

- Мене сето тоа ми е добро познато. Имавме среќа во мое време да играме пред сто илјади навивачи. Ѕвезда има нешто што нема ниеден клуб на овие простори, толкава љубов не е лесно да се опише. Никој, никој тоа го нема. Можеби само Хајдук би можел малку да се доближи до Ѕвезда со толку љубов...

Дали е феномен толку љубов кон Ѕвезда?

- Па, кога десет илјади дојдат таму позади трибина да навиваат... Покрај мојот Вардар, мене, таткоми и роднините Ѕвезда ни е во срцето. Тоа некако ни се всади, и нормално, стана дел од нас.

Дали се славеше и кај вас во Македонија?

- Секако! Кај мене во кафулето, група момчиња остана, и се пееше два часа после утакмицата.

Дали може да ве очекуваме на Лига на шампиони во Белград?

- Секако, здравје боже, доаѓам – со насмевка заклучи легендарниот Дарко Панчев.

 

 

Дел од интервју на Дарко Панчев за Курир срб.

Поврзани

Најнови вести

Коментари