Бурен ден во Црвена Ѕвезда: Ништо од Кркиќ, на Маракана доаѓаат поранешни фудбалери на Јувентус и Челзи (ФОТО)

Фудбалерите изборија настап во Лигата на шампионите, сега на раководството на Црвена Ѕвезда е на последниот ден од преодниот рок да ја засили екипата во фото- финиш.

Последен ден од трансфер периодот, Црвена Ѕвезда работи и преговара на неколку фронтови, а како што информираат српските медиуми постојат позитивни сигнали од некои адреси. Мети на белградскиот се поранешниот играч на Јувентус, кој веќе има настапувано за Црвена Ѕвезда, Ричмонд Боачи и поранешниот фудбалер на Челзи, Марко Марин. Иако имаше информација дека Бојан Кркиќ ќе пристигне, сепак тој не е опција. Шпанецот со српско потекло преку менаџерски агенции и беше понуден на Црвена Ѕвезда, но на Маракана се заблагодариле.

-Кркиќ сигурно не доаѓа, кратко прокоментирал генералниот директор на црвено- белите, Звездан Терзиќ.

Според информациите, иако нивните клубови, Џенгсуа на Боачи и Олимпијакос на Марин, се уште не прифатиле трансфер на играчите, но на Маракана има голем оптимизам за нивно финализирање до вечер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари