Појадок за цело семејство: Mекици со јогурт за само 100 денари

Доколку немате мнгу време за подготовка на појадок постои начин да јадете нешто топло и вкусно.

Потребни состојки:

- 1 пакување готови кори за пита
- 2 чаши јогурт
- 3 jajца
- малку масло
- на врв од нож прашак за пециво

Подготовка:

Во сад изматете ги пенасто јајцата додадете го јогуртот, сол по вкус, пецивото и малку масло смесата да стане кремава.

Корите за пита разделете ги и кинете ги на парчиња па натопете ги во сместата.Така натопени ставете ги во плех за мафини. Одозгора посипете ги со сусам или ленено семе а по избор и оригано.

Кога сите отвори на плехот се пополнети ставете го рерна загреана на 220 степени и печете ги околу 15-20 минути. Проверете ги со вилушка или чепкалка дали се готови. Ако не се лепат на вилушката или чепкалката тие се готови.

Се вадат од калапот и појадокот е подготвен. Додаток на мекиците останува ваш избор, било да е сирење, кашкавал, јогурт чај...

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари